Поранешниот италијански напаѓач Антонио Касано изјави дека шампионот Јувентус крие голем скандал меѓу тренерот Маурисио Сари и sвездата Кристијано Роналдо.
По ремито против Сасуоло (2: 2) среде Торино, каде петкратниот освојувач на „Златната топка“ реализираше од пеналот, Касано даде интервју за „Тики Така“.
Тој е убеден дека хегемонот во Италија не сака расправијата меѓу двајцата да се објави во јавноста и откри зошто смета дека има проблем.
– Мислам дека не се сакаат еден со друг. Сè започна со две последователни смени, што ќе го налутат секој играч. Според мене, меѓу нив има напон и ќе биде добро Јувентус да ги запре – рече Касано.
Поранешната sвезда на Рома, исто така, рече дека Џанлуиџи Буфон треба да биде прв голман на „бјанконерите“.
– Тој останува подобар од Војчех Шчесни. Полјакот секогаш ќе има дамка дека тој бил резерва на Мануел Алмунија и Лукас Фабијански во Арсенал. Тој имаше добра година во Рома, но за прв пат е стартер. Џиџи погреши при вториот гол на Сасуоло, но мора да се каже дека Матаис де Лихт исто така се постави лошо – додаде Касано.
За минатиот месец, Роналдо има само 2 постигнати гола од пенали. Покрај против Сасуоло, тој постигна од белата точка и при тешката победа од 2:1 над Џенова во Торино. Во исто време, Кристијано не престанува да постигнува голови за репрезентацијата Португалија.