Јувентус со официјално соопштение за повредата на Роналдо

432
ФОТО: EPA / ALESSANDRO DI MARCO

Италијанскиот шампион Јувентус објави соопштение за состојбата на Кристијано Роналдо.

Напаѓачот се повреди синоќа во квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 помеѓу Португалија и Србија (1:1).

„Медицинските резултати во Португалија покажаа дека Роналдо има мали оштетувања на флексорните мускули на десното бедро. Неговиот статус ќе биде надгледуван, а потоа ќе се спроведе уште едно истражување за да се утврди датумот на неговото враќање, соопштија од „Старата дама“

ФОТО: EPA / ALESSANDRO DI MARCO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...