Јувентус му платил на Челзи компензација од само еден милион евра за тренерот Маурицио Сари, пишува „Тутоспорт“.
Сари имаше договор со Челзи уште две години, но претпочита да си замине и да се врати во Серија „А“.
Шеесет и едно-годишниот стручњак потпиша две години со „Старата дама“, а првично се сметаше дека Јуве треба да плати 6 милиони евра оштета на Челзи, но раководството на торинскиот клуб успеа да договори значително помал износ, според италијанскиот печат.