Јувентус го постигна 500. гол во ерата на Алегри

105

Екипата на Јувентус синоќа го победи Каљари со 1:0 во натпреварот од 30-тиот круг на италијанскиот шампионат. Стрелец на победничкиот гол  беше Леонардо Бонучи.

Ова е 500. гол на тимот откако на тренерското место дојде Масимилиано Алегри.

Тој го предводи Јувентус од 2014 година. Под негово водство „бјанко-нерите“ имаат четири трофеи во Серија А, исто толку во Купот на Италија, а два пати играа во финалето на Лигата на шампионите.

Оваа сезона Јувентус во ЛШ е во четвртфиналето каде за противник го има тимот на Ајакс од Амстердам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...