Утре, петок (11.10.2019 година), поради државниот празник 11 Октомври-Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Истиот режим ќе важи и в сабота (12.10.2019 година) и в недела (13.10.2019 година), информираа денеска од ЈСП Скопје.
В петок (11.10.2019 година) дежурни ќе бидат три билетарници:
Транспортен центар 7-19.30 часот
Зелено пазарче 7-19.30 часот
Ѓорче Петров 7-13 часот
В сабота билетарниците ќе работат со вообичаено работно време, а в недела дежурни ќе бидат посочените три билетарници.