ЈСП го менува возниот ред, ќе вози празнично и зимски

На 1. јануари (вторник) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Од 2. јануари (среда) автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред.

620

Автобусите од јавниот превоз во Скопје за новогодишните и божикните празници  ќе сообраќаат по изменет возен ред. Утре автобусите од јавниот превоз ќе сообраќат по вообичаен делничен возен ред. Ноќните линии на новогодишната ноќ (понеделник према вторник) ќе работат по возен ред како во сабота према недела.

На 1. јануари (вторник) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Од 2. јануари (среда) автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред.

Но, имајќи во предвид дека во меѓувреме ќе започне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред од 2. јануари ќе биде редуциран.

На 7. јануари (понеделник) автобусите од јавниот превоз ќе возат по неделен возен ред.

Поради техничкиот проблем на веб страницата на ЈСП Скопје, во делот за избор на датум на возниот ред, информации за возниот ред можат да се добијат и во Диспечерски центар на 3173-224.

Жичницата на Водно нема да работи на 31 декември, со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот, се врши редовен сервис на објектот, а на 1 јануари ќе почне со работа од 11 часот.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...