По повод претстојните новогодишни празници на 31.12.2019 година (вторник) отворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15 часот, затворените паркиралишта и катната гаража до 18 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16 часот. Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ на 1.1.2020 година (среда) ќе бидат бесплатни за сите граѓани.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 2.1.2020 година (четврток) со вообичаено работно време.
За време на Божиќните празници на 6.1. (понеделник) и 7.1.2020 година (вторник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 8.1.2020 година (среда) со вообичаено работно време.