Македонскиот пејач Јоце Панов вчера стана татко по прв пат. Пејачот и неговата сопруга Марина добија син, а среќните родители му го дадоа името Лука.
Пејачот радосната вест за раѓањето на синчето ја сподели на социјалните мрежи, па доби стотици коментари и честитки од фановите и пријателите.
„Се роди Лука Панов, датум: 02.12 2019, Скопје, тежина: 3.450 грама, должина: 51 сантиметри, време: 20:10 часот“, стои во неговата објава на Фејсбук.
Инаку пејачот со својата сегашна сопруга беше во врска 10 години, а лани во август нивната љубов ја крунисаа со брак.
ФОТО: Фејсбук/Инстаграм