Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски со победа го почна вториот фјучрс турнир во турскиот туристички центар Анталија.
Македонецот денеска за еден час и 50 минути игра го совлада домашниот тенисер Ерги Киркин со 6:4 и 6:2.
Турнирот во Анталија се игра за награден фонд од 15.000 долари.
Во следната рунда Јотовски кој е шести носител, ќе игра со Ник Разборшек од Словенија.