На лагите и манипулациите на СДСМ им нема крај. Македонија не доби ниту препораката за ЕУ, ниту безусловна препорака за НАТО, рече Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.
– Но, и покрај ова, и покрај депресијата која што владее, поразите, криминалите, како и коруптивните скандали на дневна основа, владата на СДСМ одлучи да троши народни пари организирајќи скапи еуфорични прослави, за да се претстават лошите предавнички политики како победи. Почитувани Социјалдемократи,
Моралот и одговорноста одамна исчезна од вашите глави. Се лажете ако мислите дека народот пак ќе ви поверува. Овој пат сте прочитани, граѓаните се мудри и можат да проценат што е вистина, а што лага. Господа од власта и цела естрада да ја донесете, и сите пари на свет да ги потрошите нема да можете да ги прекриете предавставата, гневот и револтот на народот, нерасчистените убиства како и сиромаштијата која што владее – порача Јорданов.