Секретар, потпретседатели, огранизационен секретар и нов состав на Извршниот одбор на СДММ денеска беа избрани на првата седница на Централниот одбор на Социјалдемкратската младина на Македонија.
„Новите органи и тела на СДММ во мандат во следните две години ќе имаат бројни активности, создавање на квалитетни младински и европоски политики, промоција на политиките на СДММ и СДСМ“, соопштија од партијата.
За потпретседатели се избрани Јон Фрчкоски, Ана Манасиева и Никола Рилак.
На седницата едногласно беше избран и новиот Извршен одбор на СДММ, во следниот состав: Блажена Огненоска – ЛК Кичево , Ристе Булоски -ЛК Охрид, Марко Спиркоски – ЛК Прилеп, Мерсиха Муше – ЛК Ѓорче Петров, Никола Јакимовски – ЛК Крива Паланка, Виолета Димитровска – ЛК Берово, Ивана Трајкова – ЛК Неготино, Ана Трифуновска – ЛК Битола, Владислав Трајковски – ЛК Куманово, Соња Мартинова – ЛК Велес, Елена Велковска – ЛК Свети Николе, Марија Иванова – ЛК Струмица, Фросина Мантева – ЛК Радовиш, Ангела Паневска – ЛК Врапчиште , Марко Михаилоски – ЛК Тетово и Дарко Мијовски – ЛК Гостивар.