Јовески: Ќе ги ставиме под лупа платите и додатоците на специјалните обвинители

До постапување на алатката „Отворени финансии”, висината на надоместоците и начинот на пресметување на платата и надоместоците за СЈО јавно не беа достапни, за разлика од примањата на сите други обвинители, за кои на сајтот на ЈОРСМ јавно е објавен коефициентот за исплата на плати, вели Јовески.

395
ФОТО: МИА

Обвинителството ќе ги стави под лупа платите и додатоците за доверливост кои ги земале специјалните јавни обвинители, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за Канал 5.

– Обвинителите ќе ги испитаат сите околности и правно релевантни факти за исплата на платите и додатоците и доколку се утврди дека има основано сомнение за извршено кривично дело, ќе се постапи согласно Закон. Исплатата на плати и надоместоци е утврдена во Законот за плати на јавните обвинители. До постапување на алатката „Отворени финансии”, висината на надоместоците и начинот на пресметување на платата и надоместоците за СЈО јавно не беа достапни, за разлика од примањата на сите други обвинители, за кои на сајтот на ЈОРСМ јавно е објавен коефициентот за исплата на плати – вели Јовески.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата, покажуваат официјалните информации од базата „Отворени финансии”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...