Јовески: Суштествено е да се одлучи кој ќе врши надзор над работата на СЈО

206

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА вели дека суштествено е да се одлучи кој ќе го врши надзорот над работата на Специјалното јавно обвинителство.

– Со Стратегијата за реформи на правосудниот систем на Владата на РМ, предвидено е СЈО да стане дел од обвинителскиот систем. И јас се залагам да има единствен закон во кој ќе се инкорпорира и работата на СЈО како посебно обвинителство во мрежата на Јавни обвинителства. Работната група која работеше на подготовка на Законот изготви ваква верзија – истакнува Јовески.

Според него, мора да се вреднува и да се земе предвид дека Специјалното јавно обвинителство, постави нови стандарди и нова перцепција за обвинителството, пред сѐ во истражувањето на предметите и изборувањето за целосна финансиска независност.

– СЈО наметна и поинаков начин на работење, како што е транспарентноста во работењето и покрај тоа што со одредени постапки не се согласувам. Моја заложба е СЈО во делот на кривичните дела за кое е основано да ја задржи досегашната самостојност за тие кривични дела, а со оглед дека му се додава нова надлежност за кривични дела од областа на корупцијата од избрани и именувани лица и потешки кривични дела, за таа надлежност да важат општите правила како и за другите обвинителства. Се разбира дека за определени постапки треба да се определи негова самостојност, но особено сметам дека е суштествено да се одлучи кој ќе го врши надзорот над работата на ова обвинителство – вели во интервјуто за МИА јавниот обвинител на РМ, Љубомир Јовески. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...