Јовески: Собранието да го протолкува Законот за СЈО

228
ФОТО: МИА

Стручниот колегиум на Јавното обвинителство на денешниот проширен состанок одлучил дека начелно-правното мислење на Врховен суд за предметите на Специјалното јавно мислење ја нарушува законитоста и ќе поднесе барање за давање автентично толкување на член 22. од Законот за СЈО.

Ова го соопшти државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, денеска на прес конференцијата веднаш по завршување на состанокот.

Кривичниот суд Скопје завчера побара од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да се произнесе кое обвинителство може во иднина да постапува како овластен тужител во предметите поднесени од Специјалното јавно обвинителство.

Од Судот посочуваат дека, сѐ до произнесување на државниот јавен обвинител дали предметите ќе останат во надлежност на СЈО или ќе бидат преземени од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Основниот суд Скопје 1 – Скопје во сите предмети постапува согласно одредбите од ЗКП, а за предметите на СЈО добиени по истекот на рокот за кој милење даде Врховниот суд на РМ, кои се итни и неодложни ќе одлучуваат надлежните кривични совети, сѐ со цел да не дојде до непотребно одолговлекување.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...