Јовески распредели уште еден случај на СЈО, Стевчо Донев ќе го води „Триста“

823
ФОТО: МИА

Стевчо Донев од СЈО, ќе продолжи да биде обвинител во предметот „Триста“ кој го отвори Специјалното обвинителство.

По прекинот на мандатот во СЈО, Советот на јавни обвинители го врати Донев на старото работно место во ОЈО Кочани, но републичкиот обвинител Љубомир Јовески повторно го овластил него да го застапува овој случај. Рочиштето за „Триста“ во Основниот кривичен суд во Скопје е закажано за утре.

Обвинет е поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, за набавка на 300 возила во МВР. Судијка во предметот е Добрила Кацарска, која веќе еднаш го осуди за ова дело на девет години затвор. Но, Апелацискиот суд го врати предметот и пред првостепениот суд во тек е повтореното судење.

Пред да го овласти Донев, Јовески ги овласти Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски за случајот „Монструм“, а вчера и по Ленче Ристоска за „Талир 2“.

Кога тој ги презема предметите од СЈО, најави дека при распределбата кај обвинители, приоритет ќе им се даде на оние кои се во судски процес.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...