Јовески поддржува ветинг: Во судството и во обвинителството треба да останат чесните

523
ФОТО: МИА

Прашањето за ветин го поддржувам, треба да се подложат на проверка и обвинителството и судството, изјави републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески алудирајќи на ослободителната пресуда за новинарот Драган Павловиќ – Латас, кој од СЈО беше обвинет за бесправна градба. Јовески кажа дека на таквите судии не им е местото во правосудството и смета дека Судскиот совет треба да го испита случајот.

– Видовте што се случи со последната одлука за бесправно градење. На таквите судии не им е местото во суд. Поддржувам таков процес, во кој, во рамките на обвинителството и судството ќе останат чесните судиите и обвинителите со интегритет. Видовте како судијата ја толкува таа одредба и мислам дека на таквите судии не им е место во правосудството и веројатно Судскиот совет во соодветна постапка треба да го испита тој дел. Таму, јас после објавување на пресудата барав и судска праска, а судската пракса во однос на овие дела е сосема јасна. Не се бара ниту записници од инспектори, ниту дали некој пријавил или не. Доволно е лицето да почне да гради без одобрение за градба – изјави Јовески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...