Јовески: Парите во „Рекет“ се давани во кеш во два наврата, знаеме од кои сметки се

4328
Фото: Јавно обвинителство

Републичкиот обвинител Љубомир Јовески во интервју за „Независен весник“ вели дека знаат како и од каде се даде 1,5 милиони евра во случајот „Рекет“ каде осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Зоки Кичеец.

– Парите се дадени во готовина во два наврата. Обвинителството уште во предистражната постапка ги утврди начинот и сметките од кои се обезбедени парите. За да не се наштети на постапката, други детали не би откривал. Но кога ќе бидат создадени услови, јавноста ќе биде запознаена со начинот на извршување на кривичните дела во овој предмет – вели Јовески.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...