Оставката на Катица Јанева е личен чин и не би коментирал. Ова го изјави републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, на новинарско прашање како ја коментира оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Јанева денеска си поднесе оставка која како што вели, ќе стане активна кога политичките партии ќе се усогласат за новиот закон и ќе го изберат нејзиниот наследник.