Јовески на среба со претставници на Европската комисија за ефикасност на правдата

165

Јавниот обвинител на Република Македонија вчера одржа состанок со делегација на Европската комисија за ефикасност на правдата – СЕРЕЈ, предводена од Рамин Гурбанов, заменик претседател на СЕРЕЈ.

Цел на посетата во Јавното обвинителство на Република Македонија беше помошта која ја обезбедува СЕРЕЈ во анализирањето на состојбите и поддршката на правосудните институции од државата во сферата на правосудната статистика.

„Јовески даде краток осврт  на активностите во областа на статистиката на јавното обвинителство, извештаите и информатичката технологија. Фокус на разговорот беше подобрувањето на информатичките системи за управување со предметите и зајакнување на човечките капацитети во обвинителствата“, информира обвинителството.

Пред Јавниот обвинител на Република Македонија било презентирано истражувањето од Советот на Европа за функционирањето на правосудните системи. Подготвениот извештај од СЕРЕЈ, беше истакнато, е добра основа за натамошно креирање на политиките и преземањето на мерките во правосудството, како и  во предлагањето соодветни реформи за подобрување на ефикасноста на правдата.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...