Сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани, вклучувајќи ги и Катица Јанева и Лиле Стефанова, изјави републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски за телевизија Телма.
– Обвинителството заради доверливоста, распоредот не го соопштува однапред. Уште еднаш истакнувам дека обвинителството постапува неселективно и ја уверувам јавноста дека секој што е инволвиран во конкретното дело ќе биде сослушан или испитан и по целосно расчистување на истрагата, согласно законот, ќе сѐ донесе јавнообвинителска одлука – вели Јовевски.
Од ЈО денеска соопштија дека годишните одмори не се одразуваат на водењето на истрагатаза „Рекет“.
„Во периодот кога дел од јавните обвинители користат годишен одмор назначени се обвинители кои ги заменуваат, како и истражители кои секојдневно активно работат на предметот. Функцијата на јавното обвинителство се извршува непречено“, соопшти Обвинителството.