Деведесет и седум годишниот Јован Ванчо Величковски од беровското село Митрашинци, учесник во НОВ и член на Четвртата македонска ударна бригада, денеска положи свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата во Струмица, по повод Денот на востанието и Денот на борецот.
Лани не присуствувал на одблежувањето, но годинава ги броел деновите до големиот празник, за да им оддаде почит на загинатите и починатите другари од Втората светска војна.
– Не само на овој празник, туку и на другите учествувам во нивното одбележување. Се уште се сеќавам на воените дејства и имам многу да раскажувам, но досега малкумина се заинтересирале за тоа – рече дедо Јован, придружуван од неговиот внук имењак со кого доаѓа на одбележувањата на настани од историјата од Народноослоботелната војна