Милост може да бара само тој, кој што е виновен… Јас не се чувствувам виновен и не барам милост, напиша на Фејсбук актерот Владо Јовановски за понудата на премиерот Зоран Заев за помирување. Јовановски е еден од обвинетите за тероризам во случајот со настаните од 27 април и е во домашен притвор.
„Барам само праведно и чесно судење, за да се дојде до правдата и вистината, како би се тргнал овој жиг од моето име и од презимето на моето семејство!
Вистината е мојот најголем и единствен бранител! Само не знам зошто сум во притвор скоро година дена…, напиша Јовановски.