Билјана Јовановска, директорката на Агенцијата за вработување ги демантира тврдењата дека има непотизам во агенцијата, искажани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ТВ дуелот вечерва со премиерот Заев:
„Искажаните обвинувања за непотизам при вработувањата во АВРМ ги демантирам како невистинити и тенденциозни. Во изминатите 10 месеци во АВРМ се вработуваат потребни стручни кадри, кои аплицирале на јавен оглас и ниту еден од нив не е во никаква роднинска врска со мене. Невистините пласирани од лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги поврзувам со неговата партиска советничка Слободанка Алексовска која беше разрешена по моето доаѓање на директорската позиција во АВРМ. Тогаш беше утврдено дека Алексовска ја злоупотребила својата службена должост и купувала од државна сметка приватни намирници како јајца од потполошка, машки чорапи и млеко за тело. Советничката на Мицковски Слободанка Алексовска сепак ќе мора да одговара за злоделата и штетата кои и ги нанесе на АВРМ за време на своето работење – се наведува во реакцијата на Јовановска.