Српската водителка Јована Јоксимовиќ на својот Инстаграм-профил објави фотографија со својот колега Срѓан Предојевиќ од снимањето на утринската емисија на Прва ТВ, меѓутоа, дел од следбениците ѝ забележаа на премногу краткото здолниште во кое позира.
Сопругата на српскиот кантавтор Жељко Јоксимович важи за едно од најзгодните ТВ-лица.
Јована сигурно не очекувала дека нејзиниот стајлинг ќе предизвика толку големо внимание на социјалните мрежи, но следбениците не ја поштедиле.
„Можеби уште малку пократко здолниште? Срамота“, „Јована, тргна на плажа?“, „Очекувајте сѐ пократко и пократко како што старее. Сигурно ви е јасно дека со кратките здолништа се проби дотука“, се само некои од неумесните коментари.
Убавата Јована е позната по своите вретенести нозе, кои и често ги покажува, и тоа токму во рамките на утринската програма. Но изгледа дека овој пат сепак претерала со кратката должина на здолништето, судејќи по коментарите.
FOTO: Instagram/Printskrin