Во Велес се регистрирани случаи на запалени контејнери од неизгаснат пепел. Од јавното-комунално претпријатие „Дервен“ апелираат до граѓаните да не фрлаат неизгаснат пепел во контејнерите.
– Апелираме до граѓаните да се однесуваат крајно совесно и да ја изгаснат жарта во пепелта пред да ја фрлат во контејнерите за смет. Поради несовесни поединци во неколку наврати деновиве на почетокот на грејната сезона веќе имавме запалени контејнери. Се нанесува штета и на нашите возила, а кога пожарот ќе се појави во товарниот дел на возилото последиците можат да бидат уште поголеми бидејќи во резервоарот на возилото за смет има 200 литри нафта и може да дојде до експлозија и човечки жртви – велат од ЈКП „Дервен“.
Оттаму бараат од граѓаните доколку забележат запален контејнер да се јават во Противпожарната бригада или на дежурниот број на „Дервен“ 076/308-038