Јелена Томашевиќ гостинка на градоначалникот Мицевски

1721

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, организираше прием за менаџерскиот тим на популарната српска пејачка Јелена Томашевиќ, а по повод концертот кој ќе се оддржи вечерва со почеток од 21 часот на Градскиот плоштад, информира Општината.

Мицевски ја повика кривопланечката публиката да се придружи, да го проследи вечерашниот музички настан, на кој покрај Јелена Томашевиќ , посетителите ќе имаат можност да ги проследат настапот на Димитар Андоновски и „Тајфата“.

Градоначалникот посака во убав амбиент, сите љубители на музиката да си поминат пријатна и опуштена вечер ,а воедно ги најави и другите културни активности кои ќе следат во наредниот месец.

Јелена Томашевиќ се заблагодари за поканата да биде дел од културните збиднувања во Крива Паланка и ги покани кривопаланчани да дојдат вечерва на концерт и заедно да пееме и да се дружиме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...