Ја уби нивната ќерка, а сега не ги остава на мир, хорор во Србија

1152
ФОТО: Курир.рс

Драгиша Ќириќ, очувот на брутално убиената тинејџерка Драгана од село кај Заечар, тврдел оти убиецот не престанува да го вознемирува семејството, пренесува „Курир.рс“.

Седумдесетгодишниот Чедомир Ѓуриќ, кој е осуден на 40 години робија, прво испратил писмо до семејството на убиената, во кое тврдел дека тој не ја убил осумнаесетгодишната девојка. Потоа, тој испратил писмо и до полицијата.

– Монструмот од затворот му пишал на полициските инспектори и пријавил дека јас произведувам марихуана и оти преку друг човек ја транспортирам во Белград. Поради тоа бев повикан во полициската станица, заедно со сопругата Лилјана да дадам изјава. Тој во затворот се однесува како да е на годишен одмор – изјавил Ќириќ.

Тој додал дека полицајците го прашале дали се чувствува безбедно, а тој му одговорил дека спие со секира, бидејќи се плашел убиецот да не прати некој кој за „малку пари може да му направи сешто“.

По едното писмо, следувало и друго, но тоа не сакале да го отворат. Го дале во полицијата.

Чедомир Ѓуриќ на 11 декември 2014 година брутално ја убил младата Драгана. Тој прво ја претепал во својот автомобил, па ја давел. Додека била жива и сипал киселина во устата, а потоа ја фрлил во езеро. По два дена, тој бил уапсен.

– Призна дека ја убил тинејџерката бидејќи бил патолошки заљубен во неа. Бил љубоморен и не можел да се помири со тоа дека таа има момче. Во 2015 година, Ѓуриќ е осуден на 40 години робија – потсетил соговорникот на медиумот.

Ќириќ кажал дека од соседите дознал оти и други лица во селото примиле писмо од Ѓуриќ.

Убиецот се правдал дека Драгана му била како внука

Ѓуриќ во последното писмо напишал:

„Никогаш не и мислев зло, а камоли да и го одземам животот. Ми беше како внука. Посакував само среќа за неа, но се случи тоа што се случи, тоа е опширна приказна за 70 до 80 страни.“

ФОТО: Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...