Што да мислиш за луѓе, кои те мразат затоа што си им помогнал, или дури си ги спасил?
Првпат ова прашање си го поставив за Киро Глигоров. Најмногу го мразеа оние што Љубчо први ќе ги пратеше со ловечки пушки против артилеријата на Милошевиќ. Како ќе завршеа, не е тешко да се претпостави.
Во 2001, по конфликтот, најжесток поборник за унитарна Македонија и неменување на границите беше Џемс Пердју од американската администрација. Затоа Македонија и остана цела. Сепак, „патриотите“ и тогаш, и до денес, имаат патолошка омраза кон САД, Се знае зошто: многу замараат со човекови права, владеење на правото и демократија. Се понадеваа дека Трамп ќе ги маргинализира тие принципи, ама тој засега не им ги исполнува очекувањата. Веројатно затоа што се прилично небитни.
Сега, зошто доаѓала Меркел? Од што нѐ сака ли?
Па, да ви кажам право, колку ваквите ја „сакаат“ Македонија, сигурно Меркел ја сака повеќе. Едноставно – не може помалку.
(ФБ статус на Миодраг Мишолиќ)