Ја пукнав првата пушка од сабајле!

Мислам треба да им се извиниме на Бугарите шо така ги избркавме 45-та. Многу неубо од наша страна. Не се то европски вредности.

3712

11 октомври… Само почеток на една битка која уште е во тек. Млади, недоволно наоружани, во помал број го имаа само она што им беше потребно – вистината и желбата да се спротистават на најголемото зло што го затекнало човештвото. И ја добија битката, со многу жртви, многу мртви и ранети, многу инвалиди… Таа борба ја добија младоста, правдината и желбата за слобода.
Сè ова што денес го имаме е изградено на коските, крвта, телата и жртвата на партизаните. Со тек на времето, основата на Македонија, антифашистичката борба, беше ставана на маргини, бришена од учебници, се повампируваа некакви ликови од историјата за сметка на вистинските херои. И не успеа, затоа што борбата на партизаните не може да се избрише, затоа што не може да се избрише правдата од лицето на земјата.
Секој импулс шо ти врви низ телото, секое тресење пред неправдата, е само дел од жарот на партизаните што тлее во нас. И во сите правдољубиви луѓе на овој свет. Еден ден тој жар, распламтен од ветровите на национализмот, неофашизмот, капитализмот, империјализмот и неоколонијализмот, ќе прерасне во огромен оган, пожар. Тогаш ќе се заврши битката што ја почнале нашите татковци и дедовци, за праведен свет и братство меѓу луѓето.
Вечно ќе живеат оние кои ни донесоа слобода!
Смрт на фашизмот, слобода на народот. И секако, да живее светската револуција.

***

Се кренаа бе Љупче. Први. Да ги чекаат фашистите, да крадат и да убиваат со нив, ко секогаш да се против својот народ, да кодошат партизани…

***

Врв на пијанство во 41-ва: Ти се причинуваат Бугари дека се фашистички окупатор и ги напаѓаш.

***

Еве, се слушнав со баба ми, родена 1930-та и не можиме да се разбериме оти пред 45-та немало македонски јазик..

***

Ја пукнав првата пушка од сабајле.

***

– Ај да се лапаме…
– Немам јазик.

***

Мислам треба да им се извиниме на Бугарите шо така ги избркавме 45-та. Многу неубо од наша страна. Не се то европски вредности.

***

Честит именден на сите шо се викаат прва пушка.

***

Те нема ко магаре во спот на Некст Тајм.

***

Гледам дебата Бујар Османи и Антонио Милошоски. Единствено шо успеало во државата е пресадувањето на коса на Османи, на Милошоски не баш…

***

„Ременски ја знам само од телевизија“.
– Фросина Ременски

***

„Не чувствувам вина“. – Ременски
Знам сестро како е. И мене виното не ми брка работа. Пробај со ракија можи ќе осетиш.

***

Ако има правда СДСМ, ВМРО и ДУИ седници на извршен комитет ќе прават во Идризово.

***

Во завод за вработување:
– Јас дојдов за пилот.
– Имаш искуство со летање?
– Имам пушено марихуана неколку пати.
– Те чека Боинг надвор.

***

300-те пилоти од Арачиново ќе бидат стационирани на аеродромот во Битола.

***

А 200 космонаути од Кучевишка Бара кој ги ебе? До кога со медиумски молк?

***

Среќен роденден премиере!!!

*сликата е грешка во протокол


***

Се надевам смарт контејнерите ќе имаат и Лајонес дел па на секое 10-то фрлање едно ќе е гратис.

***

– Имате нешто против отоци?
– Анфренд, ако е голем оток блок.
– Аптекарке ти ме дупиш малку, а?

(ФБ статуси на Божидар Божинoвски алијас Мр Моџо Килингтон)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...