Ја преживеале ерупцијата на вулканот, се вратиле да помогнат: Кожата им отпаѓаше

3444

Еден од туристите кои го напуштиле островот пред ерупцијата били Геоф Хопкинс кој раскажал дека никогаш нема да ги заборави врисоците на повредените луѓе.

– Земи ме. Горам. Запален сум – се сеќава Хопкинс како викала една жртва.

Бродот на кој бил Хопкинс го напуштил Белиот остров нешто пред ерупцијата која се случила во понеделникот. На островот тогаш останале 47 лица.

Веднаш по ерупцијата, посадата на бродот одлучила да се врати на островот и да им помигне на повредените.

– Видовме луѓе во водата како пливаат што подалеку од островот – вели Хопкинс за CNN.

Хопкинс бил на излет со својата ќерка Лилани кога се случила ерупцијата.

– Донесоа 23 лица на бродот, имаа ужасни изгореници – рекол тој.

– Многу луѓе носеа куси панталони и маици така што им беа изгорени лицата, рацете, нозете. Кожата им отпаѓаше, им висеше од брадата, прстите – додал Хопкинс.

Посадата на бродот очајнички ги замолила сите туристи кои имаат познавање од медицина да помогнат. Хопкинс и ќерка му поминале обука од прва помош и тргнале да им помогнат на жртвите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...