Пронајдена е мајката на бебето кое завчера, штотуку родено, било оставено на тротоар во Топанско Поле, но кое имаше среќа случаен минувач да го забележи и да повика полиција и итна медицинска помош. Машкото бебе било префрлено на Клиниката за детски болести, каде му е пружена медицинска нега и е во добра здравствена состојба.
– Стручен тим на Центарот стапи во контакт со мајката, која е малолетна и која изјави дека не е во можност да се грижи за своето бебе, но согласно Законот, таа има три месеци рок да ја преиспита оваа одлука. Кога од Клиниката за детски болести ќе кажат дека бебето е во добра состојба, Центарот за социјални работи ќе го преземе и во наредните три месеци ќе го смести во згрижувачко семејство. Потоа, ако мајката не се премисли, бебето ќе биде запишано во Регистер на можни посвоеници – изјави Наташа Станојевиќ, директорка на скопскиот Центар за социјални работи.
Мајката на новороденчето била пронајдена од полицијата.