Ја излажале дека ќерка ѝ прегазила дете, за да ја спаси им дала 10.000 евра

1905

Скопјанка вчера попладне во полиција пријавила дека била измамена за сума од 10.000 евра.

Според МВР, претходниот ден на домашниот телефон нејзе и се јавил женски глас и ѝ се претставил како ќерка ѝ, која и кажала дека направила сообраќајка и ја прашала колку пари имаат дома.

Веднаш потоа разговорот го продолжил маж, кој на 43-годишната скопјанка ѝ рекол дека ќерка ѝ во сообраќајна несреќа прегазила девојче од Албанија, кое починало, поради што ќерка ѝ треба да оди во затвор од пет до 15 години.

По тоа, мажот дошол пред нејзиниот дом, по што загрижената мајка му дала 10.000 евра.

Таа утврдила дека е измамена дури кога се слушнала со својата ќерка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...