Бугарската студентка Андреа Емилова Иванова (22) отсекогаш сакала да има големи усни, а откако станала полнолетна одлучила да поработи на тоа. Досега потрошила огромна сума за да ги зголеми усните, а филери вбризгала барем 15 пати. Секој третман го платила најмалку 135 фунти, пишува „Дејли мејл“.
Иако се подложила на третманите веќе многупати и нејзините усни воопшто не наликуваат на нејзините природни, Андреа не планира да запре. Сака уште поголеми. Со новите усни, вели студентката, се чувствува посреќно и има поголема самодоверба.
– Ми се допаѓаат усните коишто сега ги имам, повеќе од оние што ги имав претходно. Среќна сум бидејќи изгледам поубаво. Во Бугарија ова сега е модерно – рекла Андреа која вбризгала разни видови филери.
– Ги посетив речиси сите клиники во Софија – рекла таа.
Додека на социјалните мрежи некои ја фалат, постојат и оние кои ја исмејуваат.
– Добивам многу комплименти за своите усни и изглед од различни генерации луѓе ширум светот. Примам позитивни и негативни коментари, но оние лошите доаѓаат главно од жени – рекла Андреа.
Како што самата вели, таа не смета дека усните можат да бидат преголеми, бидејќи секој има поинаква перцепција. Луѓето треба сами да одлучуваат за себе.
– Луѓето треба да имаат слобода сами да избираат за себе. За мене нема граници – рекла Андреа која би сакала да ги има најголемите усни на светот, но како што вели, голема е конкуренцијата.
FOTO: Instagram/Printskrin