Основниот кривичен суд Скопје на предлог на јавен обвинител и одреди 30-дневен притвор на 46-годишната А.И. од Скопје која вчера ја задавила својата 74-годишна мајка во нивниот дом во скопско Тафталиџе и потоа самата се пријавила во полициската станица Карпош.
Таа рекла дека ја убила мајка си поради меѓусебни несогласувања и расправии заради финансиски средства.
Телото на 74-годишната жена со наредба на јавниот обвинител е предадено за обдукција. Во исто време, издадена е наредба за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место.