Јасна Мандиќ дава исказ пред Русковска, а Ременски врши увид во доказите

513

Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународниот сојуз на обвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски денеска дава исказ пред обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, а осомничената пратеничка Фросина Ременски од СДСМ продолжува со увидот во доказниот материјал.

Мандиќ во обвинителството беше спроведена од куќен притвор.

Ременски е осомничена дека помагала во извршувањето на кривичните дела измама и перење пари за кои се осомничени петмина Бојан Јовановски, Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13 Миле Јовановски, асистентката на Јовановски, Кристина Блажевска.

Таа во петокот четири часа вршеше увид во доказниот материјал, а откако денеска ќе заврши со постапката се очекува утре, како што велат од обвинителството да даде исказ пред обвинителката Русковска.

Ременски, инаку беше почесна преседателка на невладината оранизација  Меѓународен сојуз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...