Јасин Лама е 12-тиот македонски боксер кој ја освоил главната награда на боксерскиот турнир „Златен гонг“.
Настанот кој почна да се одржува пред точно 50 години, донесе неколку интересни борби во денешните финалиња, а победникот Лама славеше со нокаут во втората рунда во својот дуел со Романецот Норберт во категоријата до 60 килограми.
Награди добија и Алим Насуфи за најдобар домашен боксер, Саша Миловац за најдобар странски боксер, најборбен е Албан Бекири од Албанија, најдобар техничар е Патриот Бехрами од Косово, најдобар судија е Петре Неделковски, а признание доби и Милан Пипрески кој е најдобар тренер.
ФОТО: МИА