Јапонија ја одбележува 74-та годишнина од нуклеарниот напад кој го изведе САД на нагасаки, а кој се случи три дена откако беше фрлена атомска бомба врз Хирошима.
Секоја година, властите и граѓаните се собираат во Паркот на мирот во Нагасаки, каде во 11.02 часот, кога беше фрлена атомската бомба, се огласуваат ѕвоната и потоа со минута молчење се оддава почит на повеќе од 70 илјади загинати.
Тоа била втора атомска бомба фрлена на Јапонија. Бомбата имала сила од 22 килотони ТНТ и била имплозиона плутониоумова бомба. Мета за нападот бил Кокура, но затоа што било облачно, земена е втората мета од листата, а тоа бил градот Нагасаки. Иако бомбата била помоќна од онаа на Хирошима, поради планинскиот терен, разорувањето било многу помало од онаа во Хирошима.
Американскиот бомбардер Б-29 испушти бомба наречена „Дебел човек“. Бомбата тешка околу 4,5 тони падна од висина од 9.600 метри и експлодираше по 30 секунди на 500 метри над тениско игралиште. Облакот „печурка“, што се формираше по експлозијата достигна надморска височина од 16.000 метри. Уништени се 70 проценти од градот, а 20 минути подоцна почна да паѓа „црн дожд“ од радиоактивни честички.
До 2016, ниту еден американски претседател ги немаше посетено Хирошима и Нагасаки. Прв што тоа го направи беше Барак Обама, но ниту тој не се извини, туку изрази надеж дека ужасите од Хирошима и Нагасаки ќе доведат до „морално будење“.
ФОТО: EPA / JIJI