Словенечката демократска партија (СДС) на Јанез Јанша е победник на денешните парламентарни избори во Словенија, а за неа гласале 24,4 отсто од гласачите, покажуваат излезните анкети.
На второто место е Листата на Маријан Шарц (ЛМШ) со 12,6 отсто, а на третото Партијата на модерниот центар (СМЦ) на Миро Церар.