Јанша навредил новинарки, ги нарекол „медиумски проститутки“

302

Поранешниот словенечки премиер и лидер на словенечката опозиција, Јанез Јанша е осуден со првостепена пресуда на три месеци условна затворска казна поради навреда на две новинарки, кои ги нарекол „медиумски проститутки”.

Окружниот суд во Цеље донесе таква пресуда, бидејќи Јанша на Твитер двете новинарки на словенечката телевизија ги наречена „медиумски проститутки”, откако во емисија, како што вели тој, некоректно известувале за неговата Словенечката демократска партија.

Имено, откако во ударен термин на јавниот сервис на почетокот на 2016 година, беше објавена емисија во која СДС на Јанша е прикажана како партија чии членови се наводно поврзани со крајно екстремната десница која бара ревизија на историјата, а што делумно беше документирано со наводите дека нејзини членови регистрирале на Фејсбук група Легијата на смртта, што партијата го демантираше, Јанша реагираше со објава на Твитер.

-На некаква Фејсбук страница на јавната телевизиска куќа се нудат евтини услуги од отслужените проститутки Евгенија Ц. и Мојца П.Ш. Макро Милан, напиша Јанша.

Во тоа се препознале авторките на емисијата, новинарката Евгенија Карл (Carl), и уредничката на информативната програма на јавниот сервис Мојца Шетинц Пашек, и поради навредата на честа го тужеа Јанша.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...