Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска пред своите сограѓани даде отчет за сработеното во двегодишниот мандат и најави реализација на нови проекти кои ќе го направат градот, место во кое и пред младите ќе се отворат нови перспективи.
Тој истакна дека за две години успеале да реализираат 90 отсто од зацртаната програма и ветените проекти пред кавадарчани.