Јанчев експресно ги проби патиштата од Кавадарци до селата на Кожув ВИДЕО

3021

Без да чека помош од централната власт, со брза акција со расположивата механизација на локалното јавно комунално претпријатие, градоначалникот Митко Јанчев успеа експресно да обезбеди комуникација на Кавадарци со сите населени места во општината, дури и со селата на Кожув, каде што патиштата беа затрупани со снег на места висок и до метар и половина.

Јанчев лично бил на терен и лично раководел со обемна операција за чистење на сите патишта. Со булдожери се чистеле планинските патишта за лесно движење и водоснабдување на жителите.

Ангажирани биле возила на Зимската служба, трактори со нож и друга мечанизација. За 24 часа биле исчистени сите патишта во Кавадаречко.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...