Не верувам дека тие луѓе работат по некаква директива или напишани текстови.Се работи за разидување, повеќе според мене политички притисок, изјави Митко Јанчев, разрешениот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во „Само вистина“.
Според Јанчев на партијата и треба консолидација и демократизација, а не концнтрација на моќта во рацете на лидерската позиција.
– Од моја гледна точка, не е сјајно во партијата. Мое лично мислење е дека во ВМРО-ДПМНЕ не постои човек кој би направил пуч. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ или јас тоа би го побарале на транспарнтен и отворен начин од Мицкоски. Има потенцијали за смена, кои можат да понудат своја програма, но нема човек што тоа би го направил позади грб – рече Јанчев.
Тој смета дека Мицкоски треба да одговори на писмото на екс директорот на УБК Сашо Мијалков.
– Јас да сум лидер, би одговорил на сите прашања од писмото – рече Јанчев.
Во однос на заканите вели оти не сака да шпекулира од каде доаѓаат, но дека почнале пред еден месец и поради неговиот став да излезе и да гласа против на референдумот. Јанчев објасни зошто смета дека бил поогрешен партискиот став во однос на референдумот.
Во однос на неговата изјава дека не може Христијан Мицкоски да го врати во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тој планира да го води рече дека кажал во контекст доколку на следниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, успее да екипира квалитетен тим, да направи квалитетна програма, ако има можност Статутот на партијата да го направи подемокртски и полиберален, да изјави, би бил потенцијален кандидат.