Јанушев: Јанева наместо на плажа во затвор, Русковска да одговара што ѝ овозможи да уништува докази

575

Зоран Заев има милион причини за нелагодност. Ништо ама апсолутно ништо нема да биде во ред сѐ додека Заев и октоподот владеат во Македонија. Со Заев и октоподот на СДСМ правдата е мисловна именка. Сѐ додека Јанева е на слобода, а не во притвор и додека Русковска обвинителството ги крие вистинските организатори од врвот на власта, граѓаните ќе бидат ограбувани, а рекетарите ќе се шетаат со Луј Витон торби полни со милиони евра, вели денеска Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

– Снимките кои излегоа во медиумите се доволна причина Јанева наместо на плажа да биде во притвор. Дополнително обвинителката Стефанова, денеска во изјава за медиуми потврди дека ѝ било наложено токму од Јанева да ги затвори предметите, за осомничените да не одат во затвор. По ваквите снимки и изјави, потребно е итна акција од страна на ЈО, но и одговорност за досегашното неделување и потенцијално прикривање. Русковска со своето неделување ѝ овозможи на Јанева период за прикривање и уништување на докази. Русковска мора да одговара за пропустите во истрагата. Вилма Русковска нема кредибилитет да го овој води случај. Потребно е случајот „Рекет“ да биде преземен од друг кредибилен Јавен обвинител и да биде проширена истрагата. Веднаш да се определи мерка притвор за Јанева и да се испита колку се предмети на СЈО биле користени за рекетирање – вели Јанушев.

Тој додава дека рекет од вакви размери не можел да се случи без знаење на врвот од власта.

– Зоран Заев мора да понесе одговорност. Власта треба да одговори и каква е замешаноста на Радмила Шекеринска која се споменува во видеото и дали таа знаела или можеби и учествувала во милионскиот рекет. Се наметнува и прашањето дали и други лица од власта биле во релација со Боки 13 и која била нивната улога. Зоран Заев и владата мора да дадат оставка. Заев не смее да остане премиер, со него на чело на државата ниту правда ќе има, ниту правна разрешница. Потребни се итни и неодложни предвремени парламентарни избори – додаде Јанушев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...