Јанушев: Снимајте ги, пријавете ги, сите што заплашуваат ќе им дојде крајот

630

Уште еднаш сакам да упатам апел до сите оние кои што се чувствуваат заплашени, уценети, дека ние сме тука, ВМРО-ДПМНЕ ќе застане позади секој од вас. Како што веќе кажавме, снимајте ги, документирајте ги, пријавете ги. За многу брзо сите оние што го прават ова ќе им дојде крајот, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше во посета на Македонска Каменица и Делчево.

– Остваривме средби со голем број на граѓани каде што како и секој ден разговаравме пред се за штетните последици кои што се очекуваат од капитулантскиот договор кој што Заев и Владата предводена од СДСМ го склучија заедно со Република Грција“, рече тој.

Она што можам да го кажам при овие средби, додаде тој, е дека во огромен број граѓаните се запознаени со штетните последици од истиот и кој што после сите повици и укажувања од наша страна, средби кои што ги имавме со граѓаните покажуваат отпор и пркост. „Покажуваат достоинство и образ дека на 30-ти септември со своето однесување односно со она како ќе постапат ќе покажат отпор против овој договор. А, нормално со цел зачувување на Република Македонија. Зачувување на македонскиот национален идентитет, нашиот јазик и се она што е македонско. Онакво какво што го имаме денес и онакво какво што сите го знаеме – рече Јанушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...