Јанушев: Се нудеа милиони евра на пратениците, тие одбија ВИДЕО

626

ВМРО-ДПМНЕ одбра борба против неодоговорна власт, рече вечерва на прес-конференција генералниот секретар да опозициската партија, Игор Јанушев.

Тој нагласи дека структури на власт и нивни одработници вршат притисок врз пратеници.

– Собранието стана пазар и арена за уцени. Се апсат поради полициски прогон и тргуваат со слободата, ветуваат награди за послушните, заплашување врз семејства на пратеници за да гласаат. На еден пратеник му понудија милион евра за да гласа, на друг 250 илјади евра, а на трет 2 милиона евра. Сето ова е одбиено – рече Јанушев.

Тој до пермиерот Заев упати прашање дали има алал во таквите постапки.

– Свесен ли сте во каков амбис ја водите државата? Ова е преседан, не е ова за европска Македонија, ова е диктатура и насилие. Да им подадам признае на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не потклекнаа – истакна генералниот секретар на партијата.

Тој сепак не сакаше да открие на кои пратеници им се нуделе пари и побара обвинителството да истражи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...