Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, гостувајќи вечерва на Само вистина со Мухамед Зекири од СДСМ, истакна дека „СДСМ веќе се однесува како да е опозиција, односно користи реторика на опозициска партија“.
А Зекири нагласи дека треба да се направат многу реформи во правосудството и во сите останати институции.
Јанушев возврати дека нема потреба Зекири да набројува што треба да се направи во иднина, бидејќи по 12-ти април за чекорите во иднина ќе одлучува ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ и Зекири треба да работат сега, бидејќи власта раководи со сите институции.
– Не однесувајте се како опозиција, господине Зекири. Вие сте власт и мора да одговарате за се што се случува во моментот во државата. Вашата неспособност, лошото раководење со институциите, но и поразителните резултати на државата не припишувајте ги на никој друг, освен на самите себеси. На 12ти април 2020 година, доаѓа ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш државата ќе функционира како што наликува на земја којашто се стреми кон ЕУ – рече Јанушев во Само вистина.