Јанушев: Русковска цел месец нѐ убедува дека Боки Тредичи сам влегувал кај бизнисмените

824

После денешната снимка станува јасно зошто истрагата тапка во место, а Русковска заедно со Катица Јанева се на одмор. Невозможно е целата јавност да зборува и да знае за рекетот, само Вилма Русковска да не знае што се случувало! Невозможно е целата јавност и медиумите да говорат за улогата на Катица Јанева, Кики, Фрики, Шеки и останатите, а Вилма Русковска да не слушнала ништо, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, по објавата на снимката во италијанскиот весник „Ла Верита“ за тоа како Боки 13 и Зоки Кичеец излегуваат со торба од домот на Орце Камчев.

Тој вели дека е невозможно да исчезнуваат суштински докази во предметот, да се губат и форматираат телефони и компјутери, а Русковска да ја врти главата без некој да ѝ каже да го прави тоа.

– Дури и обвинител почетник би ги поврзал конците, би пресметал колку се два и два и би се потрудил да ги обезбеди доказите и за останатите инволвирани. Денеска гледаме дека Русковска цел месец само ја замајува јавноста и се труди да ја минимизира политичката штета по Заев, обидувајќи се да ги прикрие трагите, наместо да ги докажува сомненијата за останатите инволвирани. Цел месец Русковска се труди да нѐ убеди дека Боки Тредичи сам влегувал во домовите на бизнисмените и без ничија поддршка изнудувал милиони евра – реагира Јанушев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...