Генералниот секретар на ВРМО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, коментирајќи го денешното обраќање на претседателот Стево Пендаровски, рече дека тој ја пуштил Катица Јанева низ вода и оти веројатно таа ќе биде жртвено јагне.
– Да и направи уште една работа, тоа е да таканаречено ја пушти Катица Јанева низ вода бидејќи очигледно и за нив станува јасно дека Катица Јанева е директно вмешана и како што пред малку кажав без нејзе не би било воопшто можно да се организира и спроведува случајот „Рекет“.И веројатно од она што имав прилика да го слушнам е дека ќе се обидат да ја претстават Катица Јанева како, односно да ја пуштат низ вода и да биде жртвено јагне. Така да во ниту еден друг контекст нема да можам да го разберам тоа бидејќи видовме дека и слушнавме од медиумите и прочитавме исто така за голема вмешаност и потребна е целокупна истрага буквално за се што е вработено во СЈО – рече Јанушев.
Во врска со информациите кои се објавуваа вчера дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски одмарал на јахтата на Камчев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ рече оти тоа е апсолутна невистина и оти ќе поднесат приватна тужба поради изнесената лага.
Тој и денеска реагираше зошто не се проширува истрага и праша дали осомничениот Зоран Милески – Кичеец е заштитен сведок на СЈО за „Империја“?