Денеска имавме средба со дел од раководството од повеќе политички партии коишто до пред извесно време партиципираа во власта, дел од тие преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, дел преминуваат во онаа конзервативна и останатите десничарски партии од Коалицијата „За подобра Македонија“, изјави Игор Јанушев генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
– Тие ги ставаат своите капацитети на располагање се со цел што побрзо да ја турнеме оваа криминално рекетарска власт и да помогнеме што побрзо во обновата на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ останува отворена и ги повикуваме сите чесни и искрени граѓани на Република Македонија да ни се придружат во борбата против власта, во борбата за обнова на Македонија – рече Јанушев.
Тој додаде дека е вредно да се напомене дека тие луѓе ги напуштаат политичките партии во период кога, како што рече, буквално сите механизми на присилба и уцена се во рацете на Заев и СДСМ и одлучиле да се придружат на борбата за што побрзо СДСМ и Заев да ги тргнат од власт.