Јанушев им се извини на новинарите за навредата од ВМРО-ДПМНЕ дека биле загари на Заев

2325

Ако партијата било кого лично навредила и ако некој се почувствувал навреден тогаш еве во име на партијата сега се извинувам, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање кои се новинарски загари и дали може да ги именува затоа што тоа е сериозна навреда кон медиумската фела.

По веста дека полицијата дошла во домот на експремиерот Никола Груевски, каде се собраа и новинарски екипи, опозициската партија излезе со соопштение, во кое новинарите ги нарече загари на Заев и Спасовски, кои наводно, биле нарачани да дојдат на местото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...